Лотулс Доо Скопје е компанија која врши дистрибуција и трговија на големо и мало на брендот MAKITA, MATRIX, KNIPEX и FORCE професионален алат и машини. За своите потреби поради зголемениот обем на работа распишува оглас за вработување на:
Оглас за Комерцијалист
Потребни услови и квалификации:
- Минимум средна стручна спрема
- Работно искуство во дејноста најмалку 2 години со познавање на електричен и рачен алат
- Способност за комерцијална теренска работа
- Активно користење на MS Office и работа со компјутер
- Познавање на англиски јазик
- Поседување возачка дозвола Б категорија
Потенцијалните кандидати треба да поседуваат:
- Комуникациски и презентерски вештини
- Аналитички и организаторски способности
- Да бидат креативни, иницијативни и способни за работа во тим
- Развој на пазарот како и унапредување на продажба согласно пазарните можности
- Совесност
- Одговорност и предаденост на работата
- Самоиницијативност
Компанијата на избраниот кандидат ќе му овозможи користење на неопходни средства за работа, вклучувајќи можности за индивидуален кариерен напредок и дополнителни пакети на бенефиции и усовршувања.
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: “Оглас за комерцијалист”
Огласот е активен до 17.11.2018 година
Општи правила за аплицирање:
- Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот)
Назнака на позицијата за која се аплицира.