Референт за продажба

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

Tрговско друштво за промет на големо и мало, производство и услуги НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (ул.”Качанички пат”, бр.56, Скопје, телефонски број 02/2656 737)

 

Заради зголемен обем на работа распишува оглас за вработување на:

Референт за продажба  

Со место на вршење на работните задачи во Скопје  – 2 позиции

 

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

  • ССС;
  • Силни комуникациски вештини;
  • Познавање на работа со компјутер, MS Office, интернет пребарувачи, социјални медиуми
  • Поседување на возачка дозвола за Б категорија;  
  • Претходно работно искуство во продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема ќе се смета за предност;
  • Познавањето на англискиот јазик ќе се смета за предност;

 

Одговорности и работни задачи:

  • Услужување на купувачите и продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема;
  • Работа со документи поврзани со секојневното функционирање на продажниот салон;
  • Континуирано учење на технолошките и пазарните трендови, како и на карактеристиките на производите на компанијата
  • Темелно познавање на индустријата,
  • Други работни задачи поврзани со секојневното функционирање на продажниот салон;

 

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Можност за остварување на дополнителен продажен бонус и наградувања;
  • Работа во смени, вкупно 40 часа неделно; понеделник – сабота

 

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака:  “Оглас за референт за продажба во Скопје”.

 

Огласот е активен до 31.07.2019 година

 

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »