
Плата од 25.000 ден.
Лек Скопје е реномирана интернационална фармацевтска компанија со препознатлив бренд. Поради проширување на нашиот тим имаме потреба од нови членови на позицијата :
АНАЛИТИЧАР НА ПРОДАЖБА
Одговорности/обврски на позицијата
- Реализација на сите активности од процесот на СО валидација во согласност со процедурата
- Комуникација со Купувачите врска СО валидација
- Извршување на секојдневните активности поврзани со продажбата во координација со тимот
- Извршување на извештаи и анализи за продажба за Македонија, Косово и Албанија
- Калкулација на комерцијални акции
- Калкулација на одобренија по основ на договори
Профил на успешниот кандидат:
- Универзитетска диплома по ИТ, економија, финансии или друга еквивалентна диплома
- Без работно искуство
- Microsoft Office пакет - одличен Excel
- Одличен англиски јазик и пишан и говорен
Компанијата нуди:
- Oдлична можност за професионален развој за амбициозни кандидати
- Нето месечна плата од минимум 25.000 денари,
- Полно работно време
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, ве молам испратете ваша кратка биографија.