Конико ДОО лого

Референт за продажба

  • Објавен пред еден месец
  • Конико ДОО
  • Активен до 11.03.2025
  • Позиција: Комерцијалист/Агент
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 023290956
  • Веб: koniko.com.mk

Конико е компанија со докажано 35 годишно искуство и со посветен тим за дистрибуција, проектирање, инсталирање и одржување на безбеносни системи за видео надзор, контрола на пристап, алармни и против пожарни системи и видеофони на најголемите светски производители.

Поради зголемениот обем  на активности го прошируваме нашиот тим и ги покануваме амбициозните кандидати да аплицираат на следнава позиција:

Референт за продажба,

Референтот за продажба е одговорен за постигнување на продажнинте планови и цели на компанијата. Треба да ги гради, одржува и развива односите со клиентите на компанијата. Покрај тоа, ќе ги претставува производите, услугите и решенијата на компанијата и воедно ќе ги реализира потребите и очекувањата на клиентот.

 

Работни задачи:

- Комуникација со клиенти, развивање и одржување на односите со клиентите;

 - Подготвува акциски планови за продажба и идентификува нови потенцијални клиенти;

- Развивање и надградување на знаењето за производите и решенијата;

- Да ја познава состојбата на пазарот и конкуренцијата, да прави анализата на пазарот и анализа на конкуренцијата.

 

Знаење, вештини и способности

- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;

-Способност за индивидуална и тимска работа;

-Познавање на англиски јазик;

-Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет);

-Поседување возачка дозвола Б – категорија.

 

Испратете го Вашето CV на : [најави се за да го видиш е-маилот]

Последен датум за пријавување е 15 Март 2025 година. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »