ПОСРЕДНИК ВО ПРОМЕТ СО НЕДВИЖЕН ИМОТ / REAL ESTATE MEDIATOR

За компанијата: Move In е една од водечките агенции за недвижнини на пазарот во Скопје, креативна и иновативна агенција со квалификуван и високо професионален тим.Нашиот тим е составен од искусни агенти кои комбинираат... повеќе за компанијата »

Мове Ин е етаблирана и брзо растечка компанија која посредува во промет со недвижен имот. Поради нашата континуирана експанзија регрутираме двајца сериозни, амбициозни и одоговорни кандидати, на работна позиција:

ПОСРЕДНИК ВО ПРОМЕТ СО НЕДВИЖЕН ИМОТ / REAL ESTATE MEDIATOR

Должности и одговорности:

  • Посредување и преговарање при трансакции за недвижности,
  • Склучување на посреднички договори, преговарање и советување за услови на пазарот со заинтересирани клиенти,
  • Промовирање на имоти според утврдени маркетинг канали,
  • Кординација и организација на сите активности во врска со посети на недвижен имот,   
  • Континуирано следење и истражување на пазарот на недвижен имот,
  • Ажурирање на информации,
  • Воспоставување на позитивни професионални релации со клиенти,
  • Совесно, навремено и клвалитетно извршување на работни задачи.

Образование, потребни знаења, вештини и способности:

  • Високо образование,
  • Возачка дозвола Б категорија,
  • Задолжително познавање на англиски јазик во писмена и говорна форма (секојдневна комуникација со клиенти/ странски државјани од целиот свет),
  • Познавање на MS Office пакет програми и Интернет,
  • Организациски и комуникациски способности,
  • Работно искуство во продажба (презентации) и маркетинг ќе се смета за предност.

Лични карактеристики:

  • Позитивен начин на размислување,
  • Способност да се справи со луѓето на пријатен и љубезен начин,
  • Динамичност, мотивираност, ентузијазам и самоиницијативност,
  • Претсавителност, професионален однос кон клиенти и ориентираност кон позитивни резултати.

Ние Нудиме:

  • Почетна фиксна плата во првите 3-4 месеци за време на обука со можност за заработка до 50.000 денари (во зависност од совладувањето на вештините потребни за извршување на работните задачи на позицијата).
  • Избраните кандидати ќе работат со полно работно време – неделно работно време од 40 часа. 
  • Работно време во две смени: 08:30-16:30h / 10:00 – 18:00h (40 часа неделно),
  • Пријатна работна атмосфера.

 

Сите заинтересирани кандидати можат својата Професионална Биографија (CV) да ја достават електронски преку полето Аплицирај.

Огласот трае 15 дена од датумот на објавување.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »