Возач на службено возило

  • Објавен на 9.2019
  • Биро проект
  • Активен до 12.10.2019
  • Позиција: Возач/Управувач
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 3243790

(преземи го огласот како PDF)

Деловен систем АДИНГ АД Скопје, една од водечките компании за производство, примена и пласман на хемиски материјали кои се употребуваат во градежништвото има потреба од вработување на:

 

ВОЗАЧ

ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КАБИНЕТОТ НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР

 

Потребни квалификации:

  • Завршено најмалку средно образование
  • Задолжително претходно работно искуство на иста или слична позиција
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија (активен возач, Ц категорија ќе се смета за предност)
  • Познавање на територијата на град Скопје и Република Северна Македонија
  • Основно познавање на автомобилската технологија
  • Познавање на странски јазик

 

Личен профил:

  • Одговорна, принципиелна и доверлива личност
  • Лојалност и професионалност
  • Навременост и точност
  • Уредност и самоиницијативност
  • Развиени комуникациски вештини
  • Позитивен став

 

Профил на работната позиција :

  • Управување на службено возило за потребите на Друштвото
  • Грижа за техничка исправност и хигиена на службеното возило
  • Прецизност и точност во извршувањето на работните задачи
  • Способност за следење на инструкциите за работа и работни упатства
  • Придржување кон постапките и упатствата на компанијата, како и кон мерките за безбедност и здравје при работа

 

Што нудиме:

  • Вработување на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на истото и можност за напредување
  • Стабилна работа
  • Редовни и стимулативни примања
  • Осигурани на полно работно време
  • Позицијата е со седиште во Скопје, со патување во странство во регионот и пошироко
  • Работно време од 08:00-16:00 h (понеделник-петок)

 

Од пријавените кандидати ќе се избере едно лице.

 

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор, ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

 

Доколку сте спремни за предизвикот да се вклучите во тимот на АДИНГ и ги исполнувате наведените квалификации, доставете апликација со содржина:

  • Мотивационо писмо
  • CV со фотографија
  • Копија од документи со кои се презентираат останатите барани услови

 

Доколку сте заинтересирани за наведената позиција и Вашиот профил одговара на барањето, Ве молиме пратете Ваша биографија (CV) електронски на следната mail адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]  или по пошта на  ул.Новоселски пат (1409) бр.11 Скопје

 

АДИНГ АД Скопје

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »