Референт за порачки / набавки

  • Објавен на 5.2022
  • Wabtec MZT
  • Активен до 18.05.2022
  • Позиција: Комерцијалист/Агент
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/2581-392
  • Веб: www.wabtec.com

Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, има потреба од лице кое ќе се придружи кон нашиот тим на работна позиција РЕФЕРЕНТ ЗА ПОРАЧКИ / НАБАВКИ.

За позицијата:

Планира, спроведува и известува за активности на интерни порачки, контактира со добавувачи, следи состојба со залихи и организира транспорт на производи.

 

Главни одговорности:

  • Учествува во изработка на планови за порачки
  • Ги планира потребите од материјали и куповни производи, согласно конструктивна и технолошка документација
  • Чита и применува составници, планира материјали
  • Изготвува барања за порачки, за потребите на транспортните, шпедитерските и царинските служби
  • Изготвува или учествува во изготвување на царинска документација
  • По потреба обезбедува и организира транспорт на стоки за потребите на компанијата и купувачите
  • Прима интерни и екстерни порачки, ги дистрибуира до одделот од производство поврзан со порачки
  • Ја следи состојбата на залихите
  • Го планира и организира процесот на логистичка поддршка во однос на организација на меѓународен, домашен транспорт, царинење и складирање на материјали.
  • Води листа на добавувачи
  • Преговара со добавувачите за условите на испорака
  • Врши селекција и одговара за изборот на добавувачи според условите на испорака

Квалификации:

  • Минимални барања: : Машински инженер, дипломиран економист, бизнис администрација или сродно високо образование.
  • Познавање на Македонски и Англиски јазик – задолжително.
  • Познавање на Microsoft Office
  • Предност – мин. 2 години работно искуство, работа во Oracle ЕРП софтвер

 

Нудиме:

  • Компетитивни редовни месечни примања
  • Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој
  • Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина
  • Пријатна работна атмосфера

Вашето CV испратете го на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

*Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју. 

**Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на ВАБТЕК МЗТ АД Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »