Комерцијалист за реон Скопје

За компанијата: Ариљеметал ДОО опфаќа производи изработени според најстрогите DIN и ISO стандарди, а исто така и специјални производи изработени според потребите на купувачиte како што се завртки, навртки, подлошки, нитни и др. повеќе за компанијата »

Ариљеметал доо Скопје, фирма за производство и трговија со метални производи, бара КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА НА ТЕРЕН 2 (двајца) - СКОПЈЕ-

Одговорности и задачи: 

- Планирање и организирање на продажни активности; 

- Следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата;

- Познавање и постојано следење на каталогот и техничките карактеристики на производите;

- Развивање и одржување на односи со клиенти, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;

- Изработка на потребна документација; 

- Одговорна, мотивирана и стабилна личност;

- Способност за индивидуална и тимска работа;

- Флексибилност за работа на терен. 

Квалификации: ССС,Претходно работно искуство на иста позиција ќе се смета како предност. Познавање на работа со компјутери. Поседување возачка дозвола Б-категорија (активен возач) 

-Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови и сакаат да бидат дел од нашиот тим треба да достават по е-маил:

-кратка биографија (CV) со наведување на позицијата за која аплицираат и скорешна фотографија,

-најдоцна до 30.04.2022 год. на: e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »