За компанијата: Компанија од фармацевтска индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје.
повеќе за компанијата »НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтска индустрија лоцирана во Скопје, за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следните работни позиции:
Самостоен аналитичар во Контрола на квалитет – 1 извршител
Потребни квалификации:
- ВСС (фармацевт, биохемичар, лабораториски биоинженер и сл.)
Опис на работно место:
- Ги следи и почитува сите пропишани процедури и мерки за безбедност и заштита при извршување на секојдневните обврски
- Навремено и точно ги извршува микробиолошките анализи на примероци од суровини, примарна амбалажа, полупроизводи, готови производи, развојни проби и примероци поставени за следење на стабилност
- Навремено и точно ги извршува микробиолошките анализи поврзани со мониторинг на микробиолошката чистота во чистите соби (класа Д простории), во фабриката
- Ги извршува микробиолошките анализи на вода узорцирани од дефинирани потрошувачки места, според одобрени планови
- Ги пополнува сите записи за да се обезбеди интегритет на податоците и нивна следливост
- Се грижи анализите да се извршуваат на лабораториската опрема, која е редовно калибрирана, квалифицирана и одржувана
- Идентификува проблеми, кои се јавуваат при анализите и кај инструментите / опремата
- Организира деконтаминација на остатоците од микробиолошките анализи и нивно соодветно складирање до предавање за уништување
При изборот на најповолни кандидати ќе бидат спроведени процес на селекција и интервјуа. Предност имаат кандидатите со претходно работни искуство во лабораторија.
Писмото за мотивација и кратка биографија да се испратат на следнава email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Огласот трае 15 (петнаесет) работни дена од денот на неговото објавување.
Слични огласи »