Членови на тимот во ресторан

За компанијата: Еден од најголемите ланци на ресторани во светот и лидер во начинот на подготовка и послужување на пилешко! повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Потребен ви е нов предизвик што ќе ги разбуди пеперутките во вашиот стомак? Дали сте сонувале да бидете дел од приказната на еден од најпознатите брендови ширум светот? Ние го имаме вистинскиот зачин кој совршено ќе го надополни вашиот рецепт за одлична кариера.

 

Зошто КФЦ Македонија?

KFC е еден од најголемите ланци за храна во светот, со повеќе од 22.000 ресторани во околу 130 земји. КФЦ Македонија работи со четири ресторани, во Скопје и Тетово. Можеби сме млади, но сме многу енергични и посветени на тоа што го работиме!


Секој ден поминат во КФЦ носи нова можност да бидете подобри и да се забавувате! KFC е фантастично место за работа, со динамично опкружување и одлични можности за оние кои сакаат да напредуваат во својата кариера. Тајната на нашиот оригинален рецепт е нашиот супер тим, што ги прави нашите гости среќни секој ден.

 

Потребни квалификации

Може да аплицираат сите одговорни, енергични и комуникативни кандидати со минимум 18 години и завршено средно образование. Компанијата нуди можност за работа со полно или скратено работно време.

 

Доколку сакате да се приклучите на нашето КФЦ семејство, ја очекуваме вашата апликација! Ве молиме испратете го вашето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 21.03.2020 година. Ви посакуваме многу среќа!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »