Рецепционер/ка

За компанијата: Хотел Континентал е најголемиот хотел во Република С. Македонија и добро познат по својата долга традиција на извонредно сместување во соби, добра храна, како и организација на коктели, семинари, конференции, состаноци, дипломи и свадби. повеќе за компанијата »

Активни огласи од Интернешнл Хотелс АД Скопје:

Собарка - Хаусмајтор

(преземи го огласот во Word)

Интернешнел Хотелс ( Хотел Континентал ) има потреба од РЕЦЕПЦИОНЕР/КА.

Одговорности и задачи:

  • Прима гости и на основа нивното барање дава потребни информации за хотелот и услугите
  • При доаѓање на гостите им дава потребна информација за хотелските соби, цените и сл.
  • Должен е и одговорен за реализирање на превземените обврски во врска со извршените резервации
  • Ги евидентира резервациите по датумот на доаѓање и заминување
  • Должен е после примањето на гостот да ги изврши сите постапки околу регистрирањето на гостот
  • Работа во  смени

Способности и вештини:

  • Способност за работа во тим
  • Лојалност
  • Темелност и исполнителност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Искреност
  • Работните задачи да ги извршува со ведрина и секогаш расположен

Потребни кавлификации:

  • Минимум средно образование
  • Одлично познавање на англиски јазик и познавање на други јазици 
  • Работа на компјутер
  • Пријатен и уреден професионален изглед

Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови, испратете ја Вашата Професионална Биографија (CV на англиски и македонски јазик) на следнава e-mail адреса: job@hotelcontinental.com.mk со задолжителна назнака на апликацијата “Рецепционер”  

Напомена:

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведениве услови, ќе бидат контактирани!  

Апликациите кои се испратени по истекот на огласот нема да бидат разгледани

 

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »