Општ работник во магацин/работилница

За компанијата: Почитувани, ЛЕМ Лифтинг ДООЕЛ - Скопје, со седиште на ул. Борис Трајковски бр.117, е компанија ориентирана на домашниот пазар, подготвена секогаш да одговара на барањата на своите клиенти со навремени... повеќе за компанијата »

Почитувани,

ЛЕМ Лифтинг ДООЕЛ - Скопје, со седиште на ул. Борис Трајковски бр.117, има потреба од вработување на мотивирана личност која одговара на описот за следната работна позиција:

 

Општ работник во магацин/работилница

Работни задачи:

- Вршење препакување на стока, мерење и декларирање

- Асистирање, ракување со основен алат, брусилица, бормашина и др.

- Одржување на чист простор за складирање за да се обезбеди чисто опкружување на другите вработени кои влегуваат во магацинскиот простор

- Ја селектира готовата стока по дефинирани насоки и процедури за работа

-  Ги извршува обврските и да ги следи упатствата и насоките дадени од страна на претпоставениот работник

 

Одговорен е за:

- За прием на роба при влез и излез од склад

- Одговорен е за совесно ракување на стоката и со средствата за работа

- Одржување на опремата

- Пребројување на стоката при влез и излез;

- Потпишува испратница во отсуство на раководителот на склад

 

Квалификација:

- Завршено средно образование

- подготвеност за работа во тим,

- желба за работа, постојано учење, лично и професионално надоградување

- со и без искуство

- возачка дозвола, Б категорија;

 

Што нудиме:

- Работа во една смена

- Редовна месечна плата;

- Полно работно време од 40 часа;

- Годишен регрес

- Платен годишен одмор

 

Почитувани апликанти, доколку сте заинтересирани за работната позиција може да аплицирате лично во Нашите простории кои се наоѓаат на ул. Борис Трајковски бр.117, Скопје  секој работен ден од Понеделник до Петок од 12:00 – 14:00 часот или на мејл  [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за "Општ работник во магацин/работилница" најдоцна до: 25/05/2022

Одбраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »