За компанијата: Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)
Советник за продажба
Локација: Скопје - Ѓорче Петров
Твоите работни обврски вклучуваат:
- Комуникација со потрошувачи;
- Испитување на потребите на потрошувачите (стилски, естетски, функционални);
- Презентирање на производите и продажно советување;
- Давање решение за потрошувачот и креирање на понуда;
- Грижа за изгледот, исправноста и уредноста на производите и салонот;
- Грижа за декорацијата и промена на цена;
- Испитување на задоволството на купувачот;
Твојот профил треба да биде:
- Сакаш мебел, внатрешно уредување и дизајн;
- Имаш позитивен став;
- Флесибилен си и спремен за учење;
- Спремен си за работа во динамична средина;
- Спремен си за тимска работа;
- Имаш работно искуство на иста или слична позиција;
- Имаш одлични комуникациски и продажни вештини;
- Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи;
- Си мотивирана и стабилна личност;
Нудиме:
- Едукација и опкружување кое потикнува личен и професионален развој;
- Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи;
- Нето плата 29 000 денари + бонуси;
- Систем на наградување на успешните вработени.
Биди тоа што си бидејќи го цениме твојот труд.
Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.
Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите можете да се пријавите на [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »