За компанијата: СОЛВИС ДОО Гевгелија е фармацевтска компанија која се занимава со продажба на Дермокозметика и Медицински помагала. Присутна на пазарот од 2012 година и воедно застапник на Istituto Ganassini Милано Италија и на Epsilon Health Грција.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование(медицина,фармација,стоматологија)
- Силни комуникациски и продажни вештини;
- Флексибилност за работа на терен;
- Работно искуство во продажба во областа на медицината, фармацевтската индустрија или сличен сектор ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на англиски јазик и компјутери;
-Задолжително поседување на возачка дозвола.
Опис на работни задачи:
- Редовна посета на доктори и аптеки;
- Градење и одржување на позитивни професионални релации со медицински установи и медицински персонал;
- Изработка и реализација на неделни и месечни извештаи од работата на терен.
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат своја биографија (CV), мотивационо писмо, понова фотографија, фотокопија од диплома или уверение на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за позиција ,,Медицински претставник,,.Испратените документите да бидат на Македонски и на Англиски јазик.
Слични огласи »