Електричар

За компанијата: МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови. повеќе за компанијата »

Макстил АД Скопје (www.makstil.com) како компанија постои 20 години, но нашите почетоци се уште подалечни. Нашите производствени погони Челичарница и Валавница за дебели лимови беа дел и од поранешното претпријатие Рудници и железарница „Скопје“ основа 1967 година.

Kако дел од Duferco Group, Макстил АД е еден од најголемите регионални производители на топловалани дебели лимови, со преку 850 вработени и годишен капацитет од преку 350.000 тони.        

Во моментов, во рамки на нашиот Сектор за одржување, отворено е следното работно место:

           

Извршители во електро одржување  – 2 (двајца) извршители

 

Опис на работно место:

  • Извршување на активности од електро проблематиката како: шемирање на сите видови на ормари, изработка на електро инсталации, каблирање и поврзување на опрема, сервисирање на електрични склопови, вклучување и исклучување на електрични напојувања од трафостаници, чистење на високонапонска опрема и други слични активности;
  • Контрола, дефектажа и отстранување на причината за дефектот на постројките и опремата;
  • Грижа за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на работа, како и правилно ракување со алатот.

 

Основна одговорност: извршување на навремени и квалитетни сервисни активности на

постројките и опремата од електро аспект, како за време на одвивање на производниот процес така и за време на ремонт, со цел обезбедување на континуиран процес на производство.

 

Работни услови: Работа во три смени во погонски услови, работа на височина за одредени позиции

 

Основни квалификации на кандидатите:

  • IV степен на стручна подготовка, електро  техничар-енергетичар 1 извршител;
  • III степен на стручна подготовка – електро механичар (инсталатер) 1 извршител;
  • Релевантно работно искуство е пожелно, но не задолжително.

 

Дополнителни квалификации на кандидатите:

  • Способност и желба за тимска работа;
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
  • Самоиницијативност и посветеност;
  • Совесност за безбедност при работа;
  • Способност за работа под притисок и со рокови.

 

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на [најави се за да го видиш е-маилот] , или по пошта: Макстил АД Скопје, Сектор за човечки ресурси, ул. 16. Македонска бригада бр. 18, Скопје, со назнака Работно место – Машински техничар, најдоцна до 11 септември 2017.

 

Макстил АД Скопје води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »