Делта Електро Дооел лого

Комерцијалист

За компанијата: ДЕЛТА ЕЛЕКТРО е препознатлив и реномиран специјалист за големопродажба на кабли, кабелска опрема и електроматеријали. повеќе за компанијата »

ДЕЛТА ЕЛЕКТРО дооел, објавува оглас за вработување на двајца комерцијалисти (М/Ж) кои ќе се приклучат на нашиот тим од професионалци.
Огласот се однесува за on- site работа во канцелариите во Скопје.

За нас

Делта Електро ДООЕЛ е реномирана компанија во областа на големопродажба на кабли и електроматеријали. Застапник на голем број светски брендови, присутна на пазарот повеќе од 15 години и една од топ 3 трговски компании за кабли и електроматеријали во Македонија.
Компанијата располага со канцелариски и магацински простор лоциран на ул. Борис Трајковски 113, Пинтија, Скопје

Што нудиме: 

  • Можност за професионален развој, каде ќе бидете дел од тимот на професионалци со долгогодишно работно искуство кои ќе ви помогнат да се стекнете со знаење во делот на трговијата со кабли и електроматеријали.
  • Работа во динамична средина
  • Ќе бидете дел од тим кој ја цени тимската работа, иновативноста и професионалниот развој
  • Организираме посета на предавања, саеми, настани поврзани со дејноста од каде што може да се стекнете со професионално надградување
  • Нудиме конкурентна плата и пакет бенефиции во согласност со Вашите квалификации и искуство

Потребни квалификации:

  • Eлектроинженер ( со или без работно искуство )
  • Познавање на англиски јазик 
  • Возачка дозвола од Б категорија
  • Мотивирана и комуникативна личност со желба за учење и напредување
  • Способност за тимска работа и работа под притисок

Како да аплицирате: 

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, испратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака "CV за работна позиција Комерцијалист". 

Рок за аплицирање: 10.03.2025
Ве очекуваме!
ДЕЛТА ЕЛЕКТРО дооел

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »