Оддел за човечки ресурси

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси од Белгија, со годишно произвoдство од околу 1,400 автобуси и 4,000 комерцијални возила. Van Hool од Белгија е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool Белгија има репутација за дизајнирање и создавање на високо квалитетни и современи производи.

Продолжуваме со процесот на селекција на вработени за потребите на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона–Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, со планирано производство на автобуси за светскиот пазар.

ТИП НА ВРАБОТУВАЊЕ:

Замена за работник кој користи породилно отсуство, со можност за трајно вработување.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:

ВРАБОТЕН ВО ОДДЕЛ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Администрирање и ажурирање на целокупната персонална документација;
  • Архивско работење
  • Асистирање во процесот на регрутација и селекција;
  • Менаџирање на програмот за Работно време, евиденција на работно време, софтвер за персонална администрација
  • Процесирање на документација за вработени (евалуации, тренинг, анкети, поплаки, дисциплински постапки, итн)
  • Асистирање во подготовка на плата (прекувремена работа, боледување, одмори, платено отсуство, задршки итн)
  • Изработка на решенија за годишен одмор и останати потврди за вработени;
  • Организација на транспорт и храна на вработени;
  • Други работни задачи доделени од работодавачот;

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС;
  • Познавање на работа со компјутер и искуство со информациони системи од областа на човечките ресурси
  • Одлично познавање на Office пакет;
  • Напредно познавање на англиски јазик;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Поседување на возачка дозвола - Б категорија;

Предност ќе имаат апликантите кои имаат повеќе од 1 година работно искуство во оддел за човечки ресурси како и претходно искуство во процесот на изработка и контрола на плата.

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни месечни примања;
  • Мотивирачка средина каде што вредностите и резултатите се важни;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Работа од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот, 40 часови неделно;

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk , во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите: 15.04.2021 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »