ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР

  • Објавен на 7.2019
  • MCash
  • Активен до 12.07.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Веб: mcash.mk

ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. Компанијата е дел од брзорастечката меѓународна група, која располага со развиена мрежа канцеларии на територијата на Бугарија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија. Тимот на компанијата вклучува млади, креативни и амбициозни вработени со основна цел да развие ефикасна, ефективна, динамична и модерна работна околина.

 

Во врска со проширувањето на активностите на компанијата, сакаме да вработиме амбициозен, снаодлив и одговорен вработен на позиција:

 

ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР

 

Обврските на операторот кој сакаме да го вработиме вклучуваат:

Контактирање на клиентите заради прибирање дополнителни податоци или документи

Контактирање на клиентите заради реализирање одредени продажни кампањи

Одговарање на влезните повици од клиентите по различни основи

Грижа за клиентите

Aдминистрирање на добиените информации во базата на податоци

 

Нашите барања кои операторот треба да ги поседува вклучуваат:

Минимум средна стручна подготовка

Добра дикција и интонација на глас

Преговарачки вештини

Снаодливост

Аналитичност

Одлична компјутерска писменост

Тимски играч

Ориентираност кон позитивни резултати

Љубезност, но во исто време сигурност во настапот

 

Ние нудиме:

Можност за професионален развој

Можност за обука и зголемување на квалификациите

Динамична работа во млад и мотивиран тим

Добра заработувачка

 

Ако сметате дека одговарате на нашите барања, а ние на Вашите очекувања, Ве молиме доставете ја Вашата детална биографија со актуелна слика на нашата електронска адреса [најави се за да го видиш е-маилот] , со назначување на позицијата за која аплицирате. Ние гарантираме доверливост на сите апликации за работа и ќе ги исконтактираме само одобрените кандидати во потесниот круг на избор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »