За компанијата: Компанијата МТЕЛ, дел од групацијата на Телеком Србија, започнува со работа со добивањето лиценца во јули 2021 година како трет телекомуникациски оператор на територијата на РС Македонија.
повеќе за компанијата »Телеком Србија Група е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија,мобилна,телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија,Босна и Херцеговина,Црна Гора и Македонија.
Нашите корпоративни вредности се задоволни корисници, тим, одговорности, промени и резултат.
За чекор пред другите сакаме да бидеме прв избор на корисникот во светот на дигиталните услуги.
Доколку и ти сакаш да бидеш чекор пред другите и да станеш дел од нашиот успешен тим, те повикуваме да се пријавиш за следната позиција :
ВОЗАЧ
Твоите одговорности се:
- Превоз на Генералниот Директор удобно, безбедно и навремено
- 2 пати неделно пат до Белград и назад
- Грижа за редовно чистење на возилото
- Грижа за одржување на возилото
- Планирање на секоја рута врз основа на временските услови и условите на патот и сообраќајот
- Пополнување на патен налог и раздолжување со сметки
Она што е потребно за добар почеток е:
- Минимум 4ти степен на стручна подготовка
- Валидна возачка дозвола
- Активен возач најмалку 2 години
Ние ти нудиме:
- Конкурентна почетна плата
- Дневници за службено патување
- Динамично опкружување и позитивна работна атмосфера
- Стекнување на дополнителни вештини за работа
Слични огласи »