Доставувачи

За компанијата: Еден од најголемите ланци на ресторани во светот и лидер во начинот на подготовка и послужување на пилешко! повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Отворена работна позиција: ДОСТАВУВАЧИ ВО СКОПЈЕ И ТЕТОВО

Потребен ви е нов предизвик што ќе ги разбуди пеперутките во вашиот стомак? Дали сте сонувале да бидете дел од приказната на еден од најпознатите брендови ширум светот? Ние го имаме вистинскиот зачин кој совршено ќе го надополни вашиот рецепт за одлична кариера.

 

Зошто КФЦ Македонија?

KFC е еден од најголемите ланци за храна во светот, со повеќе од 22.000 ресторани во околу 130 земји. КФЦ Македонија во моментот работи со пет ресторани, и е во процес на ширење на нова локација во Скопје.

Секој ден поминат во КФЦ носи нова можност да бидете подобри и да се забавувате! KFC е фантастично место за работа, со динамично опкружување и одлични можности за оние кои сакаат да напредуваат во својата кариера. Тајната на нашиот оригинален рецепт е нашиот супер тим, кој ги прави нашите гости среќни секој ден.

Потребни квалификации

  • Завршено средно образование.
  • Возачка Б-категорија, (активен возач повеќе од 5 години)
  • Подготвеност за придржување кон пропишаните рути, возниот ред, безбедносните правила и закони во сообраќајот.
  • Добри вештини за пресметки и управување со пари.
  • Способност за работа под притисок и кратки временски рокови.
  • Способност за управување со време
  • Добри комуникациски вештини и одговорен пристап кон работата
  • Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција ќе се смета за предност

Што нудиме ние

  • Професионална обука
  • Национална и меѓународна мрежа за кариера
  • Позитивна работна атмосфера
  • Можност за унапредување
  • Дневен бесплатен оброк и попуст од 20% на сите производи од компанијата
  • Конкурентна плата (платени прекувремени, ноќни и празнични дневници, минат труд и сите давачки согласно Законот)

 

Доколку сакате да се приклучите на нашето КФЦ семејство, ја очекуваме вашата апликација! Испратете го вашето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот] , со напис,, Доставувач,, и наведете ја локацијата (Скопје или Тетово) најдоцна до 23.05.2022 година.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »