Контролор на партнерска сервисна мрежа

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Нептун Македонија:

Референт за продажба во Битола

Tрговско друштво за промет на големо и мало, производство и услуги НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (ул.”Качанички пат”, бр.56, Скопје, телефонски број 02/2656 737)

 

Поради проширување на активностите во Сервис Македонија, распишува оглас за вработување на:

 

Контролор на партнерска сервисна мрежа

 

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • ССС,
  • Познавање на карактеристиките и функционирањето на аудио/видео опрема, ИТ опрема и бела техника,
  • Искуство со организирање и спроведување на пописи,
  • Поседување на одлични вербални способности и вештини на ефективна комуникација со клиенти и партнери,
  • Задолжително поседување на возачка дозвола „Б“ категорија,
  • Подготвеност за патување одредени денови од неделата на територијата на Република Македонија,
  • Основно познавање на работа со компјутер, MS Office (Word, Excel), Internet browser.

 

Одговорности и работни задачи:

  • Комуникација и контрола на овластените сервисни центри со цел подобрување на квалитетот и намалување на времетраењето на извршувањето на услугите,
  • Контрола и попис на сервисните центри на територијата на Скопје и Македонија,
  • Асистирање и координација на транспортот на производи до и од сервисните центри, контрола на пропратната документација,
  • Приготвување, архивирање, комплетирање и контролирање на текот на документацијата поврзана со сервисните активности и нивно проследување до надлежните сектори (финансии, логистика, магацин),
  • Водење на детална евиденција во постоечкиот софтверски пакет, како и предлози за негово унапредување,
  • Подготвување на тековни и периодични извештаи,
  • Следење на отворените работни налози од страна на телефонските оператори и нивно пратење и проследување до сервисите, се до затварање на налогот,
  • Справување со расходувани производи.

 

Бенефиции:

  • Континуирана обука и можности за напредување,
  • Основна нето плата во износ од 23.000 денари со можност за зголемување, зависно од искуството и квалитетот на работа,
  • Работно време: 40 часа неделно.

 

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, Ве молиме испратете ја Вашата кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: “Оглас за Контролор на партнерска сервисна мрежа“, не подоцна од 08.12.2017.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »