Адвокати и адвокатски приправници

Адвокатско друштво ДЕБАРЛИЕВ, ДАМЕСКИ И ЌЕЛЕШОСКА објавува оглас за вработување на следниве позиции:

ПОСТАР АДВОКАТ

Потребни квалификации: 

  • Завршен Правен факултет; 
  • Положен правосуден испит; 
  • Најмалку 5 години работно искуство како адвокат во адвокатска канцеларија; 
  • Активно познавање на Англискиот јазик;
  • Напредна работа со компјутер и MS Office; 

Потребно работно искуство во следниве области:

  • изготвување на тужби, жалби, опомени, дописи до државни органи, извршители, нотари, адвокати, поднесоци, договори, одлуки, решенија и други правни акти;
  • застапување пред надлежни судови во граѓански, стопански и работни спорови, како и стечајни и ликвидациони постапки;
  • застапување пред надлежни органи во управни постапки и управни спорови пред Управен Суд;
  • искуство во практична примена на парничната и административната постапка;
  • практично познавање на материјалните прописи од областа на граѓанското, стопанското, финансиското, работното, стечајното и друго сродно право;
  • изготување на документи за сите постапки пред Централен регистар;
  • изготвување на правни мислења и давање на правни консултации;
  • редовна и секојдневна комуникација со клиенти;
  • самостојано, стручно и професионално постапување по горенаведените точки.

Плата по договор.

 

ПОСТАР АДВОКАТ

Потребни квалификации: 

  • Завршен Правен факултет; 
  • Положен правосуден испит; 
  • Најмалку 5 години работно искуство како адвокат во адвокатска канцеларија; 
  • Активно познавање на Англискиот јазик;
  • Познавање и на Германски јазик се смета за предност;
  • Напредна работа со компјутер и MS Office; 

Потребно работно искуство во следниве области:

  • изготвување на писмени правни мислења и давање на правни консултации од областа на трговското, корпоративното, финансиското, стопанското и деловното право;
  • водење или координирање на проекти од областа на трговското, корпоративното, финансиското, стопанското и деловното право;
  • длабинска анализа на компании (legal due diligence);
  • практично познавање на материјалните прописи од областа на заштита на конкуренција, заштита на лични податоци, електронски комуникации, трговски друштва, хартии од вредност, финансирање, енергетика, даночно, граѓанско, стопанско, работно, стечајно и друго сродно право;
  • изготување на акти и документи за сите погоренавдени проекти и правни области;
  • редовна и секојдневна комуникација со клиенти;
  • самостојно, стручно и професионално постапување по горенаведените точки.

Плата по договор.

 

АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИЦИ

Потребни квалификации: 

  • Завршен Правен факултет; 
  • Активно познавање на Англискиот јазик; познавање на втор јазик се смета за предност; 
  • Напредна работа со компјутер и MS Office; 

Плата по договор.

Сите заинтересирани кандидати да достават CV на Македонски и Англиски јазик на е-маил адреса на Адвокатско друштво ДДК: [најави се за да го видиш е-маилот]

Ве молиме во Вашето CV наведете практични искуства на конкретни проекти од правните области наведени погоре.

Рок за пријавување е до 14.09.2021 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »