Оператори

За компанијата: ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор. повеќе за компанијата »

Executive Search Consulting (ESC) e дел од Workforce Human Resource - регионална компанија за човечки ресурси која работи во земјите на Адриатик регијата и има повеќе од 20 години искуство во HR индустријата, при што секојдневно поддржува над 500 клиенти и над 5.000 соработници.

Нашите решенија се дизајнирани според вашите потреби, без разлика дали барате работа или сте работодавач, било да ви требаат 1 или 1.000 вработени. Обезбедуваме поддршка при регрутација, вработување, трудово право и консалтинг за човечки ресурси, пресметка на плати, аутсорсинг на процесот на регрутација и onsite менаџмент.

За нашиот клиент Фруктал Мак А.Д. Скопједел од Nectar Group, бараме мотивирани кандидати за следниве позиции:

 

ОПЕРАТОР НА ФИН ФИЛТЕР И ПАСТЕР (1 извршител)

Основни задачи:

  • Ракува со уреди за фина филтрацијa, го подготвува уредот за работа, миење во согласност со зададено упатство
  • Го контролира квалитетот на филтрираниот сок, го контролира режимот на филтрација
  • По потреба работи и други работи
  • Примена и одржување на документиран систем за квалитет и систем за безбедност на производи во доменот на одговорност (ISO-9001 и ISO-22000, HACCP)
  • Се приджува кон сите мерки за противпожарна заштита и заштита при работа

Профил на кандидатот:

  • III степен на стручна подготовка, КВ работник – манипулант во прехранбена индустрија, механичар, електромеханичар
  • Посветеност и одговорност кон работата, развој на добри меѓучовечки односи

Услови за работа:

  • Прва, втора и трета смена, 40 работни часа неделно, работа во производствен погон
  • Ангажман на 6 месеци, со можност за договор на неопределено работно време
  • Основна месечна нето плата: 21.000,00 мкд

 

ОПЕРАТОР НА ПАСТЕРИЗАЦИЈА И ПОЛНЕЊЕ НА ЛИНИЈА ЗА АСЕПТИЧКО ПАКУВАЊЕ (1 извршител)

Основни задачи:

  • Ракува со асептичен уред за пастеризација и полнење на каши од овошје и зеленчук
  • Пастеризација на каши и полнење во асептични вреќи
  • Подготовка на уредот за работа
  • Перење на уредот според упатство и контрола на квалитетот на наполнетата амбалажа
  • Го контролира режимот на пастеризација и ладење на пастеризаторот
  • Врши подготовка на пастеризаторот за работа
  • Управува и ја следи работата на пастеризаторот
  • Одржување на лична хигиена, хигиена на опремата, средствата за работа и работниот простор
  • Евидентира и известува за неможности за работата кај сменскиот технолог
  • Примена и одржување на документиран систем за квалитет и систем за безбедност на производи во доменот на одговорност (ISO-9001 и ISO-22000, HACCP, ISO 22000)
  • Обучува нови оператори
  • Се приджува кон сите мерки за противпожарна заштита и заштита при работа
  • Работи и други работи по налог на претпоставениот.

Профил на кандидатот:

  • I-III степен на стручна подготовка, КВ работник – манипулант во прехранбена индустрија, механичар, електромеханичар.   
  • Посветеност и одговорност кон работата, развој на добри меѓучовечки односи

Услови за работа:

  • Прва, втора и трета смена, 40 работни часа неделно, работа во производствен погон
  • Ангажман на 6 месеци, со можност за договор на неопределено работно време
  • Основна месечна нето плата: 21.000,00 мкд

 

ОПЕРАТОР НА ПРЕСА (1 извршител)

Основни задачи:

  • Ракување со уред за пресување (преса за овошна маса)
  • Врши правилно перење на пресата
  • Ги одржува пресите во исправна состојба, врши замена на филтер елементите
  • Одговорен е за квалитетно пресување на суровините
  • По потреба работи и други работи
  • Примена и одржување на документиран систем за квалитет и систем за безбедност на производи во доменот на одговорност (ISO-9001 и ISO-22000, HACCP, ISO 22000)
  • Обучува нови оператори
  • Се приджува кон сите мерки за противпожарна заштита и заштита при работа

Профил на кандидатот:

  • I-III степен на стручна подготовка, КВ работник – манипулант во прехранбена индустрија, механичар, електромеханичар
  • Посветеност и одговорност кон работата, развој на добри меѓучовечки односи

Услови за работа:

  • Прва, втора и трета смена, 40 работни часа неделно, работа во производствен погон
  • Ангажман на 6 месеци, со можност за договор на неопределено работно време
  • Основна месечна нето плата: 21.000,00 мкд

 

ОПЕРАТОР НА УПАРИВАЧ И ДЕАРОМАТИЗЕР (1 извршител)

Основни задачи:

  • Ракува со уредот за деароматизација и концентрирање
  • Го подготвува уредот за работа
  • Го мие уредот согласно упатство
  • Го контролира процентот на сува материја на полуконцентратот и концентратот и температурата на ладење
  • По потреба работи и други работи
  • Примена и одржување на документиран систем за квалитет и систем за безбедност на производи во доменот на одговорност (ISO-9001 и ISO-22000, HACCP, ISO 22000)
  • Обучува нови оператори
  • Се приджува кон сите мерки за противпожарна заштита и заштита при работа

Профил на кандидатот:

  • I-III степен на стручна подготовка, КВ работник – манипулант во прехранбена индустрија, механичар, електромеханичар   
  • Посветеност и одговорност кон работата, развој на добри меѓучовечки односи

Услови за работа:

  • Прва, втора и трета смена, 40 работни часа неделно, работа во производствен погон
  • Ангажман на 6 месеци, со можност за договор на неопределено работно време
  • Основна месечна нето плата: 21.000,00 мкд

 

ОПЕРАТОР НА УЛТРА ФИЛТЕР (1 извршител)

Основни задачи:

  • Ракува со уреди за ултра-филтрација на сок, подготовка на уредот за работа, миење според инструкции
  • Го контролира квалитетот на филтрираниот сок, го контролира режимот на филтрација.
  • Во согласност со потребите на производствениот процес, ракува со вакуумски филтер за груба филтрација на сокот, го контролира квалитетот на филтрираниот сок, го контролира режимот на филтрација, и врши подготовката на уредот за работа, миење согласно дадено упатство
  • По потреба работи и други работи
  • Примена и одржување на документиран систем за квалитет и систем за безбедност на производи во доменот на одговорност (ISO-9001 и ISO-22000, HACCP, ISO 22000)
  • Се приджува кон сите мерки за противпожарна заштита и заштита при работа

Профил на кандидатот:

  • III степен на стручна подготовка, КВ работник – манипулант во прехранбена индустрија, механичар, електромеханичар.   
  • Посветеност и одговорност кон работата, развој на добри меѓучовечки односи.

Услови за работа:

  • Прва, втора и трета смена, 40 работни часа неделно, работа во производствен погон.
  • Ангажман на 6 месеци, со можност за договор на неопределено работно време.
  • Основна месечна нето плата: 21.000,00 мкд

 

Доколку ги исполнувате условите и сте мотивирани за некоја од огласените работни позиции, испратете ваше CV на [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 21 декември 2018. Ве молиме назначете го насловот на позицијата за која се пријавувате. За повеќе информации слободно можете да се јавите на 02-2700-425.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг Ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »