ЦНЦ ОПЕРАТОР НА АМАДА ПAНЧ ПРЕСА (Amada punch press)

За компанијата: Компанијата ОзонАир е докажан глобален партнер и соработник на многу компании во Македонија како и целиот свет. Главниот фокус е модерен дизајн и технологијата што се применува во производството на единици... повеќе за компанијата »

ОзонАир е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација и други производи согасно со највисоки стандарди за квалитет, безбедност и здравје.

ОзонАир ги охрабрува сите кандидати независно од полот и возраста да аплицираат за вработување на бараната позиција.

За потребите во производство огласуваме слободно работно место на позицијата:

ЦНЦ ОПЕРАТОР НА АМАДА ПAНЧ ПРЕСА (Amada punch press)

ОзонАир има потреба од ЦНЦ Оператор кој ќе му се придружи на нашиот тим за Производство во фабриката во Скопје.

Кандидатот ќе биде одговорен за работа на "Amada" ЦНЦ пунч преса - машина за сечење и обработка на метални плочи со дебелина до 3мм, подготвување на материјал за обработка, организирање и избор на алати во производствениот процес, пренос на обработка на програмите за сечење и детална грижа за машината.

Потребни познавања:

  • Операторот треба да има познавање од кодови за работа на ЦНЦ.
  • Кандидатот е пожелно да поседува претходно работно искуство на ЦНЦ пунч преса Амада или слична
  • Завршено Средно или Високо образование (Машинско или Електротехничко)
  • Работно искуство како ЦНЦ оператор од минимум 3 години
  • Да поседува чувство за прецизност
  • Познавање англиски јазик
  • Искуство во машински дизајн и технички цртежи
  • Познавање на основни програми за работа на компјутер

Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Документите пратете ги како пдф документ со назнака и наслов за која работна позиција аплицирате, во спротивно Вашата апликација можеби нема да биде разгледана.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »