Заменик раководител на малопродажен објект - Тетово

За компанијата: Котон е турска мултинационална компанија за облека. Заклучно со 2015 година, ланецот имаше над 362 продавници за малопродажба во 25 земји. Приказната за КОТОН, која започна во 1988 година со продавница... повеќе за компанијата »

Активни огласи од КОТОН МАГАЗАЏИЛИК ДООЕЛ:

Продажен персонал - Diamond Mall - Продажен персонал - City Mall - Full time

Котон Магазаџилик ДООЕЛ. Друштво за трговија  со текстил на мало во специјализираните продавници, распишува конкурс за работно место:

Заменик раководител на малопродажен објект во Тетово

Опис на работата:

  • Раководење на малопродажен објект во склад со сите закони и прописи;
  • Раководење со тимот во малопродажниот објект ( секторска организација, организација на смени, годишни одмори, обука на вработените и проценка на работниот потенцијал);
  • Редовно известување за резултатите на работењето;
  • Врши неопходно следење и контрола, како би се осигурал квалитетот и услугата на купувачите ;
  • Организира прием, припрема и презентација на робата во склад со зададените упатства;
  • Ги следи плановите, продажбата и буџетот како би се остварил максимален профит;

Услови:

  • Минимум IV степен стручна подготовка
  • Минимум 1 годинa работно искуство во раководење со малопродажен објект би се сметало за предност
  • Познавање работа со компјутер  (MS-Office пакет)
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Тимски лидер и способност за квалитетно справување со конфликти
  • Самостојност во работата и способност за тимско работење

Ви нудиме:

  • Динамично и брзорастечко работно опкружување со долгорочна перспектива
  • Пријатна работна средина и посветен тим
  • Платена работа во недела
  • Платен минат труд
  • Бонус систем со исплаќање на месечно ниво

Рокот за пријавуање е 15 дена, од  денот  на објавувањето.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

Mail: [email protected]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »