КООРДИНАТОР НА СТРАНСКИ ВОЛОНТЕРИ

Коалиција на младински организации СЕГА е национална платформа на младински организации активна во полето на лобирање за промени во младинските политики, посветена кон подржување на младинскиот активизам, подобрување на пристапот до информации и учеството на младите луѓе во активности за решавање на нивните проблеми. СЕГА како одржлива и развиена младинска коалиција овозможува младите да веруваат во себе, да ги остваруваат своите интереси, да креираат и да градат. 

Поради проширување на својот тим во својата канцеларија во Прилеп, Коалиција на младински организации СЕГА има потреба од ангажирање на 2 (две) лица за следнава позиција:

КООРДИНАТОР НА СТРАНСКИ ВОЛОНТЕРИ

Потребните квалификации и искуства за работната позиција Асистент  вклучуваат:

  • Завршено високо образование или студенти во завршна година на студии; (предност ќе имаат кандидати на факултети од општествените дејности);
  • Активно користење на MS Office;
  • Одлични комуникациски и презентерски вештини;
  • Искуство во организирање и спроведување на настани за млади (обуки, работилници, креативни работилници со деца, дискусии со млади) ќе се смета за предност;
  • Креативност во пристапот, иницијативност, способност за работа во тим;
  • Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување);
  • Одговорно извршување на поставените задачи;
  • Дополнителни комјутерски вештини: хостирање и ажурирање на web страна, познавање и работа со Corel, Photoshop, Publisher, InDesign, Front Page и слични компјутерски програми ќе се сметаат за предност.
  • Ангажираното лице ќе се стекне со следните знаења и вештини:

  • Подобрување на комуникациски вештини
  • Подобрување на англискиот јазик (говорни и пишани вештини)
  • Подобрување на компјутерски вештини
  • Раководење со техничка опрема

Задачи и одговорности:

  • Координација на ЕВС волонтери:
  • Помош и поддршка во реализацијата на активностите на волонтерите;
  • Административна и техничка поддршка за време на престојот на волонтерите;
  • Подготовка на дневни извештаи;
  • Поддршка во спроведување на активности на локално ниво
  • Прибирање на информации корисни за младите луѓе од општина Прилеп
  • Помош во пишување на месечни извештаи за проектни активности

Опционално (во зависност од способностите):

  • Дизајн на публикации, флаери и брошури
  • Администрирање на веб страни
  • Унапредување на примената на социјалните мрежи во информирање на младите.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

– Кратка биографија CV (со фотографија);

– Мотивационо писмо;

Целосната документација да се достави на е-маил:   [најави се за да го видиш е-маилот]  

 Само селектираните кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »