Еуро-Кан Фарма лого

Оператор во култивација

  • Објавен пред еден месец
  • Еуро-Кан Фарма
  • Активен до 06.03.2025
  • Позиција: Општ работник
  • Локација: Скопје

Euro Can Pharma LLC, водечка компанија во одгледување и производство на медицински канабис според највисоките стандарди за квалитет (GACP), бара посветен и мотивиран Одгледувач на растенија за засилување на нашиот тим.

ОДГОВОРНОСТИ:

  • Садење, нега и одржување на растенијата во согласност со стандардните оперативни процедури (SOPs)
  • Следење на растот и здравјето на растенијата, како и навремено препознавање и пријавување на потенцијални проблеми
  • Спроведување на процедури за наводнување, ѓубрење, кастрење и заштита на растенијата
  • Почитување на протоколите за хигиена и безбедност во контролирана средина
  • Водење евиденција за дневните активности и придржување кон GACP стандардите

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Претходно искуство е пожелно со одгледување растенија, по можност во контролирана средина
  • Разбирање на основни земјоделски и ботанички процеси
  • Одговорност, тимска работа и внимание на детали
  • Способност за физичка работа во динамична околина
  • Познавање на работа со основни алатки и опрема за одгледување

НУДИМЕ:

  • Конкурентна плата и можност за професионален развој
  • Работа во професионален и динамичен тим
  • Практична обука и стекнување искуство со меѓународно признати стандарди (GACP)
  • Пријатна и безбедна работна средина
  • Работното време е 40 часа неделно, во една смена од 08.00 до 16.00 часот,

Доколку сте мотивирани за работа со растенија и сакате да бидете дел од нашиот успешен тим, испратете ја вашата биографија на: [најави се за да го видиш е-маилот]

Euro Can Pharma LLC е компанија која нуди еднакви можности за вработување и се залага за безбедна и продуктивна работна средина за сите вработени.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »