За компанијата: Друштво за лизинг - Оне Лизинг ДООЕЛ Скопје, финансиска компанија со главна дејност на издавање финансиски лизинг.
повеќе за компанијата »Друштво за трговија ОНЕ АУТО ДООЕЛ Скопје е компанија за продажба на половни возила која својот бизнис го гради врз принципите на посветеност, експертиза, иновации и ефикасност. Компанијата располага со широк спектар на брендови набавени преку платформи од Франција, Италија, Белгија и Германија. Сите возила на продажба се сервисирани, регистрирани и со гаранција за километража.
Поради брз раст на компанијата имаме потреба од зголемување на нашиот тим, и со овој оглас повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата Менаџер за продажба на возила.
Краток опис на услови, способности / вештини за работното место:
- Вештини за преговарање
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Внимание на детали и ориентираност кон резултати
- Активно говорење и пишување на англиски јазик
- Познавање на MS Office
- Искуство од најмалку 1 година во продажба
Работни задачи:
- Услужување на сите потенцијални клиенти, презентирање на автомобилите како и користење на продажни аргументи со цел успешно затворена продажба
- Одговарање на дојдовни повици од клиенти и обезбедување на потребни информации, поддршка и помош во решавање на барањата на клиентите
- Детално познавање на автомобилите (брендови, модели...)
- Детално познавање на пазарот и пазарните трендови во областа на користените автомобили
- Водење евиденција за возила на залиха како и план за возила за набавка согласно анализата на пазарните трендови
- Избор и набавка на возила од соработници во странство
- Подготовка на извештаи за потребите на менаџментот
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
Слични огласи »