Комерцијалист за продажба

  • Објавен на 4.2022
  • Wabtec MZT
  • Активен до 04.05.2022
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/2581-392
  • Веб: www.wabtec.com

Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, поради проширување на својот тим во секторот Производство има потреба од:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА

За позицијата:

Планира, спроведува и известува за активности на продажба, преговарање за продажба.

 

Главни одговорности:

  • Учествува во изработка на планови за продажба и нивно ажурирање
  • Изготвува понуди, Бидс, фактури,
  • Секојдневно комуницира и преговара со клиенти
  • Прима екстерни порачки, ги заведува во ЕРП систем
  • Ја следи реализацијата на порачката и известува за текот на работата
  • Води листа на клиенти и проекти
  • Внесување на проектите во ЦРМ систем
  • Учествува на тендери, учествува и преговара во изготвувањето на Банкарски Гаранции и Акредитиви
  • Преговара со купувачите за условите на испорака
  • Во комуникацијата со купувачите се грижи за одржување на корпоративниот идентитет и имиџот на Компанијата

Потребни квалификации:

Високо образование ВСС (машинство / економија / бизнис администрација)

Задолжително познавање на англиски јазик и работа со компјутер

Предност: 3 години искуство во продажба, работа со ЕРП систем

Комуникативност, желба за професионално надградување

 

Нудиме:

  • Компетитивни редовни месечни примања во зависност од знаењата и искуството
  • Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој
  • Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина
  • Пријатна и безбедна работна средина

Вашето CV испратете го на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Контакт телефон за повеќе информации: 02/2581-362

*Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју. 

**Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на ВАБТЕК МЗТ АД Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »