Продавач во книжарница

За компанијата: Издавачки центар ТРИ е основан на 23 ноември 1999 година. За многу кус период ТРИ се наметнува како мошне сериозен и инвентивен издавач на македонската културна сцена, пред сè поради својата ориентација... повеќе за компанијата »

Книжар не е обичен човек кој продава книги. Тој е програмски пребарувач со вистинско човечко срце. Водич низ книжевните светови. Херој на читателите.

Ако ги сакаш книгите, насмевките, и ако сакаш да видиш како книжевните ликови добиваат човечки облик, тогаш во овој оглас дефинитивно го пишува твоето име. Тоа се основните квалификации, а еве ги следните:

Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (книжевност се смета за предност)
- Одлично познавање на работа со компјутер
- Знаење англиски јазик.

Потребни способности и вештини:
- Одлично познавање на книжевноста
- Одлични организациски способности
- Вештини на продавање
- Комуникативност, отвореност, љубезност
- Висока професионалност
- Подготвеност за работа во смени
-Заинтересираност за новитети.

Време за пријавување на огласот – до 01.05.2022 г.

Ги повикуваме заинтересираните кандидати да пратат CV на македонски и мотивациско писмо на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Ќе се земат предвид само апликантите кои целосно ги исполнуваат наведените услови.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »