ХИГИЕНИЧАР(КА)

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Алма - М ДООЕЛ:

Финансов менаџер

Ние во Алма-М веќе 29 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

 

Алма – М ДООЕЛ

Качанички пат бр.65а, Скопје

www.alma-m.mk

е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

објавува ОГЛАС за следната работна позиција:

ХИГИЕНИЧАР(КА)

Датум на објава:

13 Август 2020

Рок за пријавување до

17 Август 2020

Број на оглас:

О-200813-ОР-Х

Сектор:

Општи работи

Локација:

Скопје

 

 

Работни задачи:

  • Секојдневно одржување на хигиена во простории и објекти на компанијата.
  • Други работни задачи по барање на претпоставениот/а.

 

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование,
  • Организирана, педантна, стабилна, самоиницијативна, мотивирана и вредна личност,
  • Професионално однесување,
  • Позитивен однос кон промени.

 

Потребно искуство:

  • Предност ќе имаат кандидат(к)ите со претходно работно искуство како Хигиеничар(ка).

 

Работни услови:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности),  со можност за продолжување.
  • Дневно работно време е ВО ДВЕ СМЕНИ, при што секоја втора сабота во месецот е работна.
  • Паричниот износ на основната нето плата за огласеното работно место изнесува 14.934,00 денари.

 

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:

[најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

 

Напомена:

  • САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Рокот за пријавување по огласот трае 5 работни дена од објавата.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

 

 

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »