Доставувач реон Велес

За компанијата: Hello Post - најдобрата и најголема компанија за достава во Македонија! Hello Post нуди достава на писма, пакети и габаритни пратки. Hello Post има канцеларии во 36 градови низ Македонија и секојдневно ја опслужува целата земја! Најдобар партнер за било кој бизнис, домаќинство, е-трговија... повеќе за компанијата »

Новиот лидер на пазарот на поштенските услуги, најголемата интернационална специјализирана компанија за достава во Република С. Македонија, има потреба од проширување на тимот во Скопје на позицијата: 

Курир за реон Велес

Доколку сте заинтересирани за работа која не се извршува во затворена просторија, доколку сакате работа во движење и комуникација со луѓе, сакате динамика во работните задачи и го обожувате возењето во Скопскиот сообраќај тогаш сте на вистинскиот оглас за работа

Квалификации:

  • Одлично познавање на градот Велес и околните места
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Искуство со користење на мобилен уред

Опис на работни задачи:

  • Достава на пратки на терен, со користење на службено возило
  • Грижа за опремата за работа
  • Предавање и примање на поштенски пакети

Нудиме:

  • Одлични современи работни услови
  • Фиксна плата + мотивирачки бонус за работна успешност
  • Пријатна работна атмосфера

Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата Ве молиме испратете ја Вашата апликација (CV)  преку полето АПЛИЦИРАЈ, со назнака „ Курир” во насловот на пораката.  

Напомена:

  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
  • Потребно е кандидатот да е со место на живеење во Велес

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »