Референт за логистика

За компанијата: Компанијата ЕЛТА 90 МОЛЕКУЛАРНА МЕДИЦИНА ДОО Скопје (ELTA 90 Molecular Medicine) дел од ЕЛТА 90 групацијата, присутна на пазарот во Македонија од Април 2015 година е една од водечките компании во делот... повеќе за компанијата »

Компанијата ЕЛТА 90 МОЛЕКУЛАРНА МЕДИЦИНА ДОО Скопје (ELTA 90 Molecular Medicine)  дел од ЕЛТА 90 групацијата, присутна на пазарот во Македонија од 2015 година е една од водечките компании во делот на продажбата на медицински помагала и лабораториска опрема.

Во ЕЛТА 90 работи високо мотивиран и квалификуван кадар, со особено искуство во областа на својата професионална распределба, кои несебично го користат своето знаење во насока на пронаоѓање на соодветната медицинска опрема и идеални решенија за потребите на клиентите. Како резултат на континуиран развој, имаме потреба од:

Референт за логистика

Одговорности и задачи:

  • Организирање и одржување на магацински простори за складирање и Одлично познавање на производите во магацин;
  • Обезбедување на понуди за транспорт за увози и извози и целосна комуникација со шпедиција;
  • Прием на нарачки и обезбедување навремена испорака на истите;
  • Прием на роба и водење евиденција при прием на роба (контрола на квалитет,количина и сл.);
  • Комуникација со вбратотените во продажба и дистрибуција околу навремено и соодветно спремање на нарачките за испорака;
  • Водење евиденција за залиха во магацинскиот простор;
  • Проверка, припрема, означување и пакување на продукти при прием или пред испорака во согласност со процедури и правилници пропишани од компанијата.
  • Вршење утовар и истовар на роба при прием и издавање во претходна комуникација со претпоставените колеги.

Потребни квалификации:

  • Образование ССС;
  • Предност имаат кандидатите со претходно искуство во логистика и магацинско работење;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Добри способности за говорна комуникација;
  • Добри способности за пишувана комуникација;
  • Тимска работа, самоиницијативност и превземање на одговорност;
  • Одлично познавање на MC Office;
  • Задолжителна возачка дозвола Б категорија .

Што нудиме:

  • Фокусираност кон работните обврски;
  • Добри вештини за координација и ориентација во простор;
  • Организираност и одговорност;
  • Прецизност и точност;
  • Способност за работа под временски притисок;
  • Способност за утврдување на грешки и предлагање на соодветни решенија.

Доколку сте заинтересирани испратете ја вашата кратка биографија CV со назнака за работната позиција за која аплицирате најдоцна до 13.06.2024 на  email:  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сите апликации се третираат со високо ниво на доверливост. Само кандидатите кои се избрани во потесен круг ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »