Продукт менаџер

Европа Лек Фарма е регионален лидер во Југоисточна Европа кој нуди услуги за странски партнери, како што се маркетинг, регистрација, консигнација, логистичка поддршка на клинички испитувања и дистрибуција. Како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија во 26 земји ширум Европа, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

За повеќе информации посетете ја групациската интернет страница www.phoenixgroup.eu или страницата на ЕЛ Фарма www.elpharma.com

 

Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим, на работно место:

 

PRODUCT MANAGER

 

Обврски и одговорности:

  • Одговорен за лансирање на нови производи,
  • Креирање на маркетинг стратегија и развој на истата,
  • Имплементација и реализација на маркетинг активности,
  • Изработка и следење на план за продажба,
  • Посета на здравствени институции.

 

Потребни квалификации:

  • ВСС: Фармацевтски, Медицински или Стоматолошки факултет,
  • Задолжително минимум 1 година работно искуство во фармацевтската индустрија, 
  • Искуство во развој на бренд и позиционирање на фармацевтски производи на пазарот,
  • Одлично познавање на англиски јазик.

 

Потребни вештини и способности:

  • Познавање на MS Office,
  • Возачка дозвола Б категорија,
  • Одлични комуникациски и презентациски способности,
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.

 

Ние нудиме работа во амбициозен и професионален тим, каде ќе имате можност да ги унапредите вашите продажни вештини во динамична работна средина, и да бидете дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето.

 

Работниот однос за оваа позиција првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.  Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 08:00 до 16:00 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

 

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја вашата пријава на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »