За компанијата: Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани...
повеќе за компанијата »Како Групација, фокусирани сме на креирање на исклучително корисничко искуство за сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и вработените. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите, стекнати со долгогодишната традиција. Спремно се вклучуваме и ги поддржуваме решенијата на предизвиците на денешницата, со кои што како општество се соочуваме и градиме кооперативна и агилна култура, со посебен акцент на континуиран развој, надградба и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила.
Нудиме динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал. Ќе работите во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на групацијата. Ќе имате можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.
ОДГОВОРНОСТИ НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Подготвка на финансиски извештаи, анализи и други информации во согласност со локалните и меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ);
- Подготовка на детални анализи за трошоците и утврдување на нивната природа;
- Следење и контрола на реализација на сите позиции на финансиските извештаи во однос на планираните параметри;
- Учество во изработката на планот и стратегијата на Друштвото и соработка при подготовка на планот на Секторот;
- Одговорност за формална и суштинска исправност и точност на документацијата и податоците;
- Правилна примена на прописи, акти и упатства од подрачјето на работа;
- Изработка на извештаи за потребите на другите организациски единици.
БАРАЊА ЗА РАБОТНОТО МЕСТО:
Високо образование од областа на економски науки.
Исклучително познавање на Microsoft Excel.
Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, способност за аналитичко размислување;
Подготвеност за континуирано стручно усовршување.
МЕСТО НА РАБОТА:
Седиштето на Друштвото.
Доколку сте заинтересирани за предметната работна позиција, може да аплицирате преку линкот во прилог:
http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0NTX000003od65
Слични огласи »