Комерцијален директор

За компанијата: Септима ДООЕЛ Скопје е приватна компанија основана 2000 година. Дејност на компанијата е промет на големо со фармацевтски производи, медицински помагала, диететски суплементи, козметички и хемиски производи и останати производи од асортиманот потребни за аптека. повеќе за компанијата »

СЕПТИМА ДООЕЛ Скопје, компанија која се занимава со промоција и продажба на препарати од повеќе реномирани фармацевтски производители,

објавува конкурс за слободно работно место :

КОМЕРЦИЈАЛЕН ДИРЕКТОР - 1 извршител

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование. Предност даваме на кандидати со завршен фармацевтски, медицински или стоматолошки факултет
  • Знаење на англиски јазик
  • Познавање на MS Office пакетот
  • Возачка дозвола Б категорија, активен возач
  • Работно искуство најмалку 2 години на исти или слични позиции
  • Познавање на фармацевтскиот пазар во Македонија

 

Од кандидатот очекуваме да:

  • Континуирано воспоставува и развива долгорочни партнерски односи со клучните добавувачи и купувачи
  • Преговара со добавувачите и купувачите следејќи ја имплементацијата на договорените услови, препознавајки ги можностите за зголемување и унапредување на продажбата
  • Прати и контролира остварување на стратегијата во согласност со целите на компанијата
  • Учествува во обуките и континуирано стручно го усовршува знаењето и продажните вештини
  • Учествува во креирање на финансиските буџети и планови, и во согласност со истите работи на остварување на плановите кој се однесуват за клучните добавувачи и купувачи со цел остварување на посакуваната профитабилност
  • Ги претставува, преговара и ги имплементира дефинираните цели и планови кои се однесуват на асортиманот на производите, промотивните активности, ценовната политика, дистрибуцијата и наплата од клучните купувачи
  • Во синергија со комерцијалниот тим обезбеди реализација на усогласените цели со компаниската стратегија
  • Одговорен за унапредување на продажба
  • Одговорен за исполнување на планот на продажба на препаратите во рамка на планот за кој е задолжен

 

Персонални карактеристики:

  • Комуникативност и тимска работа
  • Одговорност и прецизност
  • Енергичност и ефикасност
  • Самостојност и завршување на задачите во рок
  • Посветеност и подготвеност за справување со предизвици

 

Ние нудиме:

  • Работа во позитивно, динамично и стимулативно опкружување, стручна обука, добри услови за работа и можност да во потполност дојдат до израз вашите професионални способности .

 

Доколку ги исполнувате наведените услови од конкурсот, Ве повикуваме да ја испратите својата биографија и препорака најдоцна до 15.01.2021, на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »