МЕДИЦИНСКО ЛИЦЕ

За компанијата: ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

Ван Хоол Македонија ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт телефон (02) 551-2851, има потреба од новo вработувањe за следнава позиција:

МЕДИЦИНСКО ЛИЦЕ

Опис на работни задачи:

  • Пружање на прва помош во случај на повреди, несреќа при работа или други случаи кога на вработениот треба да му се укаже прва помош на работното место, додека истиот не биде пренесен во соодветна здравствена установа;
  • Придружување/транспортирање на вработените до најблиската соодветна здравствена установа, во зависност од типот на повредата, односно несреќата;
  • Во соработка со Координаторот за безбедност и здравје при работа се грижи за организација на систематските прегледи за вработените (претходни и периодични), во делот на водењето на администрација на истите;
  • Врши контрола преку ненајавени и најавени посети на вработените евидентирани дека користат боледување;
  • Врши обуки за вработените од областа на превентивната здравствена заштита и хигиена;
  • Врши коресподенција со Фондот за здравствено осигурување во делот на контрола (супервизија) на издадените боледувања;
  • Врши други работни задачи по налог на претпоставениот раководител;

Потребно образование, вештини, знаења и искуство

  • ССС – Медицинско училиште
  • Најмалку 2 годишно работно искуство како медицинско лице во здравствена установа (пожелно медицина на трудот) и искуство во пружање на прва помош;
  • Познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Добро познавање на MS Excel;
  • Возачка дозвола – Б категорија;

Што нудиме:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ;
  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Можност за професионално усовршување, обука и напредок на работното место;
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина;

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите: 15/02/2019

Исклучиво апликациите доставени преку www.vanhool.mk ќе бидат земени во предвид.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »