РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО ЗА СКЛОПУВАЊЕ

  • Објавен пред 2 месеци
  • ОЗОН
  • Активен до 24.01.2019
  • Позиција: Електро/машински техничар
  • Локација: Скопје

(преземи го огласот како PDF)

Oгласуваме слободно работно место на позицијата: РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО ЗА СКЛОПУВАЊЕ

Озон има потреба од работник во производство, кој ќе му се придружи на нашиот производствен тим во Скопје. Кандидатот ќе извршува работни задачи во одделот за склопување производи – машини и опрема за климатизација и други производи.

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

  • Завршено основно или средно школо – машинска или електротехничка струка ќе се смета за предност

  • Претходно работно искуство во фабрика или работа на терен со рачен, пневматски или електричен алат е предуслов за пријавување

  • Познавање техника за заварување бакарни, алуминиумски и челични цевки ќе се смета за предност

  • Познавање техничка документација, читање технички цртежи и машински склопни цртежи и документација

  • Да поседува позитивен однос кон околината, грижа кон опремата и одговорност кон работата

За следниве работни задачи

  • Работа со рачен, пневматски и електричен алат при склопување на уреди и опрема

  • Исполнување дневни, месечни и годишни планови за работа

  • Познавање на машинска техничка документација и читање технички цртежи за склопување

  • Одговорен и посветен однос кон работата, спремност за завршување на задачите во зададен временски рок

  • Примена на современи техники во работењето

  • Прецизно и внимателно ракување со алат, опрема и делови

  • Запазување на правилата за безбедноста и заштита при работа, одржување на дисциплина

Се добиваат следниве услови за работа

  • Редовни месечни примања

  • Работа во прва смена и исплата на прекувремени часови согласно плановите за работа

  • Можност за обука, стекнување нови знаења и нови работни задачи

  • Дефинирани дати за годишен одмор

  • Награди за посветено извршување на работните задачи

  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување

  • Можност за остварување новогодишен или друг надоместок

Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: vrabotuvanje@ozon.com.mk

 

КЛИКНИ