Комерцијалист

За компанијата: Матриошка е старт-ап компанија која се занимава со развој на иновативни технолошки процеси во прехранбената индустрија што ќе донесе дополнителни вредности на клиентите и ќе има позитивно влијание врз... повеќе за компанијата »

Матриошка е старт-ап компанија која се занимава со развој на технолошки процеси во прехранбената индустрија. Компанијата има развиено сладолед со вино, познат под брендот WICE (www.wicecream.com).

 

            Работната позиција се однесува за комерцијалист со полно работно време.

 

Минималниот критериум за разгледување на вашата апликација е:

  • Поседување на минимум високо завршено образование додипломски студии
  • Комуникативни вештини
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија

Идеалниот кандидат треба да има познавања и искуство од област на:

  • Преговарачки и комуникативни способности
  • Искуство во трговијата
  • Пополнување на испратници
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија
  • Анализа на домашен пазар и познавање на прехранбена индустрија
  • Познавање на ХоРеКа (хотели/ресторани/кафичи) секторот

 

Опис на работни обврски:

 

  • Како старт-ап компанија, кандидатот ќе работи со постоечките продажни места на компанијата во ХоРеКа секторот, како и ланците на супермаркети со кои компанијата има склучено договори
  • Обврска на кандидатот ќе биде да отвора нови продажни места главно во ХоРеКа секторот, но не и лимитирано на истиот пред се во Скопје, но и другите градови во државата
  • Следење и реализација на зададен таргет план за продажба и рута на посета на објекти
  • Позиционирање на производи и грижа за производите во продажните објекти
  • Примање на нарачка од клиентите и дистрибуција на нарачките до клиентите
  • Развивање и одржување на односите со клиенти
  • Грижа за пласман на производите, се со цел за подобрување на нивна продажба
  • Носење примероци и промоција на нови производи во постоечките продажни места, како и новите продажни места
  • Комуникација со клиентите и давање извештај за подобрување на продажбата

 

Придобивки за идниот член на тимот:

  • Професионална надградба и усовршување;
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа;
  • Поволна плата со платени придонеси и бонуси за остварени таргети

 

Сите заинтересирани кандидати се добредојдени да го испратат своето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  Мотивационо писмо не е задолжително, но ќе се смета за предност. Успешните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на компанијата. Рокот за пријава е до 07.02.2023 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »