- Објавен на 1.2022
- Боттега Дел Густо
- Активен до 25.01.2022
- Позиција: Персонал во продавница/Касиер
- Локација: Скопје
Боттега дел Густо е фирма специјализирана за увоз и продажба на деликатесни производи од Италија и постои на пазарот една година. Нашата цел е да ја доближиме автентичната италијанска храна до потрошувачите во Македонија.Брендот Боттега Дел Густо успешно се позиционираше на пазарот изминатата година и стана препознатлив по квалитетот на производите и врвната услуга. Вршиме малопродажба и големопродажба на сите производи во нашата специјализирана продавница, лоцирана на ул. Максим Горки бр. 21 во центарот на Скопје.
Бараме нов член во тимот, продавач на овие Италијански млечни и месни деликатеси.
Пријави се доколку :
- Знаеш да ракуваш со машини за сечење месни производи
- Си љубител на добра храна
- Зборуваш странски јазик (англиски, италијански) - ќе се смета како предност
- Сакаш да научиш повеќе за културата и храната на Италија
- Претходно искуство во подготовка и продажба на сувомеснати производи
- Ти одговара работа во две смени
instagram @bdg.skopje
Те очекува многу пријатна работна атмосфера!