Account Content Manager

За компанијата: КликниЈади е компанија која врши достава на храна од многу ресторани во Скопје до вашиот Дом или Канцеларија. Сервисот Кликни Јади е основан на почетокот на 2015 год. и до денес има на располагање вкусни... повеќе за компанијата »

КликниЈади, најголемата платформа за достава на храна во Македонија има потреба од Account/Content Manager. Ако имаш креативност за пишување и сакаш комуникација со клиенти, тебе те бараме! Биди ти дел од брзо-растечкиот тим на КликниЈади!

Како Маркетинг и Контент Менаџер ќе бидете одговорни за водење на социјалните медиуми на Кликни Јади и Takeaway (Инстаграм, Фејсбук, Тикток, Твитер и др.), одговарање на пораки на социјални медиуми во работно време, сетирање и правење кампањи односно реклами на социјални медиуми, контактирање и договарање со надворешни соработници за фотографирање за потребите на маркетинг и контент делот, креативи графика и видео снимање, продуцирање маркетинг кампањи (празнични, сезонски, спортски, начин на живот и итн).

Дополнително, потребно е да се води грижа за целокупниот контент на сајтот, да ги пронаоѓа грешките, недоследностите и нелогичностите и истите да ги решава, да ги средува продавниците на нашиот сајт, сликите на производи од рестораните, менито на сајтот, да го средува и припрема сајтот за промоции и акции, да ги уредува банерите и секциите.

Посакуваниот кандидат потребно е да има познавање од Photoshop и Illustrator, да има одлични комунакциски и организациски вештини, да биде креативен, посветен и одговорен за работните обврски.

Заинтересираните кандидати можат да ги достават апликациите во форма на CV на следната email адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »