Менаџер на категорија

За компанијата: Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Прима Мебел ДОО:

Советник за продажба во Битола

(преземи го огласот како слика)

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува над 60 продажни места, во Република Словенија 2 продажни места  додекa во Северна Македонија 8 продажни места. Во дури 8 фабрики во Хрватска и во странство произведуваме мебел за целокупно опремување на домовите, апартмани, викендици, хотели и работни простори.  На тој начин имаме вработено преку 2000 работници од разни профили и подрачја на стручност.

Поради отворање на нов продажен салон во Скопјe со површина од 4 000 м2 во склоп на Godi Retail Park, имаме потреба за проширување на тимот. Бараме компетентни и добро обучени луѓе насочени кон остравување на резултати, склони на тимска соработка со желба за нови знаења и вештини, и кои би биле заинтересирани за работната позиција:

                                                                    МЕНАЏЕР НА КАТЕГОРИЈА

Број на работни места: 3

Локација: Скопје - Godi Retail Park

Твоите работни обврски вклучуваат:

  • Организирање и раководење на тимот во соодветната категорија (категорија кујни, дневни соби или спални/детски соби);
  • Градење на успешен тим во соодветната категорија (категорија кујни, дневни соби или спални/детски соби);
  • Пренесување на корпоративните вредности на останатите членови на тимот;
  • Потикнување на тимот кон активна вклученост во продажба и нивен личен развој;
  • Советување на членовите на тимот во насока на оперативен напредок;
  • Организација на работните обврски на членовите од тимот;
  • Следење на реализацијата на месечните и годишните буџети во соодветната категорија како и менаџирање за реализација на буџетот во соодветната категорија;
  • Формирање планови за личен и тимски развој;
  • Развивање квалитетен процес за уредување на ентериерот на потрошувачот.

Твојот профил е:

  • Сакаш мебел, уредување на ентериер и дизајн;
  • Имаш позитивен став и енергија;
  • Флексибилен си и спремен за учење;
  • Спремен си за работа во динамична средина;
  • Насочен си кон тимска работа;
  • Имаш добро познавање на MS Office пакетот;
  • Имаш работно искуство на  иста или слична позиција.

Нудиме:

  • Едукација и опкружување кое го подигнува твојот личен и професионален развој;
  • Работа во динамична средина;
  • Предизвикувачки и разновидни задачи;
  • Наградување и пратење на процесот на развој на компетеност и личен учинок;

Биди тоа што си бидејќи го цениме твојот труд.

Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.

Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите можете да се пријавите на [најави се за да го видиш е-маилот]    со назнака Менаџер на категорија во Скопје.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

вести · настани · интервјуа · колумни · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »