
Термин вработува!
Еј, ти кажавме ли дека спремаме ре-дизајн на Termin.mk со многу нови функционалности и цела нова област? Бројот на потенцијални соработници значително ни порасна, па така имаме потреба нов член во тимот за маркетинг и продажба.
Ако сакаш да работиш со луѓе, имаш одлични комуникациски вештини и сакаш да преговараш, и истовремено имаш пасија за онлајн маркетинг и нови технологии, можеби ти си нашиот човек . Но претходно види дали сме горе доле на иста линија.
Што очекуваме кога ќе ни дојдеш на интервју:
- Да бидеш точен на твојот ТЕРМИН,
- Да видиме позитивна, комуникативна и мотивирана личност,
- Желба за брзо учење и самоиницијативност.
Многу би нè израдувал и доколку:
- Имаш одлично познавање на актуелните социјални медиуми... Facebook и Instagram пред сè... Twitter, Pinterest,
- Имаш завршено или си при крајот на студиите на економија (маркетинг, менаџмент, е-бизнис, бизнис информатика и друга слична комбинација на овие департмани),
- Поседуваш пасија за дигитален маркетинг и нови технологии,
- Темелен си и детален во работата,
- За англиски јазик, треба да прашуваме?
- Поседуваш возачка дозвола (Б категорија) и си активен шофер.
Како ќе изгледаат твоите работни денови:
- Пронаоѓање на потенцијални соработници, контактирање на истите и закажување состаноци
- Потпишување договори и собирање на потребните материјали,
- Тековна комуникација со твоите клиенти,
- Постојана комуникација со тимот за социјални медиуми и заедничко изготвување на креативи и кампањи.
Ако ова ти звучи примамливо ќе треба најдоцна до 03.02.2018 со назнака за “Аплицирам во Termin 2.0" на [најави се за да го видиш е-маилот] да испратите:
- CV (со фотографија),
- Предлог две локации кои ги нема на Termin.mk (една свадбена и една игротека) кои би ги договориле за наши соработници и што ќе направите за да ги договорите (во кратки црти).
Слични огласи »