За компанијата: Move In е една од водечките агенции за недвижнини на пазарот во Скопје, креативна и иновативна агенција со квалификуван и високо професионален тим.Нашиот тим е составен од искусни агенти кои комбинираат...
повеќе за компанијата »Мове Ин е етаблирана и брзо растечка компанија која посредува во промет со недвижен имот. Поради нашата континуирана експанзија регрутираме двајца сериозни, амбициозни и одоговорни кандидати, на работна позиција:
ПОСРЕДНИК ВО ПРОМЕТ СО НЕДВИЖЕН ИМОТ / REAL ESTATE MEDIATOR
Должности и одговорности:
- Посредување и преговарање при трансакции за недвижности,
- Склучување на посреднички договори, преговарање и советување за услови на пазарот со заинтересирани клиенти,
- Промовирање на имоти според утврдени маркетинг канали,
- Кординација и организација на сите активности во врска со посети на недвижен имот,
- Континуирано следење и истражување на пазарот на недвижен имот,
- Ажурирање на информации,
- Воспоставување на позитивни професионални релации со клиенти,
- Совесно, навремено и клвалитетно извршување на работни задачи.
Образование, потребни знаења, вештини и способности:
- Високо образование,
- Возачка дозвола Б категорија,
- Задолжително познавање на англиски јазик во писмена и говорна форма (секојдневна комуникација со клиенти/ странски државјани од целиот свет),
- Познавање на MS Office пакет програми и Интернет,
- Организациски и комуникациски способности,
- Работно искуство во продажба (презентации) и маркетинг ќе се смета за предност.
Лични карактеристики:
- Позитивен начин на размислување,
- Способност да се справи со луѓето на пријатен и љубезен начин,
- Динамичност, мотивираност, ентузијазам и самоиницијативност,
- Претсавителност, професионален однос кон клиенти и ориентираност кон позитивни резултати.
Ние Нудиме:
- Почетна фиксна плата во првите 3-4 месеци за време на обука, со можност за заработка до 50.000 денари (во зависност од совладувањето на вештините потребни за извршување на работните задачи на позицијата).
- Избраните кандидати ќе работат со полно работно време – неделно работно време од 40 часа.
- Работно време во две смени: 08:30-16:30h / 10:00 – 18:00h (40 часа неделно),
- Пријатна работна атмосфера.
Сите заинтересирани кандидати можат својата Професионална Биографија (CV) да ја достават електронски преку полето Аплицирај веднаш.
Огласот трае 14 дена од датумот на објавување.