ГЕМАК Траде е компанија која е присутна на пазарот во Македонија повеќе од 25 години и важи за една од најуспешните компании во секторот за узвоз и дистрибуција на пијалоци, тутунски производи и храна. Водена од иновации, храброст и интегритет, Гемак е ексклузивен стратешки партнер на повеќе светски познати брендови ,
Имаме потреба од сезонска работа во Сектор за продажба за следното работно место:
Помошник дистрибутер за Западна Македонија
Работни задачи и обврски:
- Помага при администрирање патна и трговска документација и обезбедува уреден проток на истата(патен налог, товарен лист и други документи) во согласност со позитивните законски прописи
- Совесно, безбедно и уредно ракува со стоката која ја превозува и доставувува
- Доставува стока до коминтенти исклучиво по однапред утврден ‘’рут’’ план, по налог на претпоставените
- Извршува и други работни задачи за потребите на Компанијата, а по налог на претпоставениот.
Потребни квалификации:
- ССС
- работно искуство во дејноста ќе се смета за предност
- активен возач
- динамичност, проактивност, тимски играч
Што ние нудиме?
Работниот однос ќе се склучи на определно време во времетраење до 31.08.2018 година. Месечната нето плата на работникот се пресметува согласно Правилникот за плати на друштвото.
Работното време предвидено за ова работно место е од понеделник до петок од 08 до 16 часот.
Сите заинтересирани канидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, ги охрабруваме да го испратат своето CV на следниот mail: [најави се за да го видиш е-маилот] . Само избраните кандидати ќе бидат повикани на селективно интервју.