За компанијата: Fashion Group повеќе од 20 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel,...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
Работна позиција: Одговорен на магацин
Локација: Скопје (Објект Газела, Маџари)
Главни одговорности:
- Организација и контрола на работа на сите магацински работници.
- Организација за прием и испораки.
- Следење и контрола на ниво на залихи на производи.
- Решавање на проблеми со спорни пратки во царински склад.
- Контрола при утовар на роба и исправност на пратките.
- Организација на дневни испораки и креирање распореди за испорака на роба до малопродажни објекти.
- Контрола на возилата и стоката која се дистрибуира.
- Водење грижа за соодветната документација за прием/издавање на производите.
- Водење грижа за техничката исправност на возилата, нивна чистота и редовно одржување.
- Организација на пописи.
- Организација за одржување на хигиена во магацинските простори.
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
- ССС/ВСС.
- Пожелно 2-3 години работно искуство со магацинско работење.
- Основно познавање на работа на компјутер (внес на податоци, праќање мејлови Word, Outlook)
- Задолжително поседување возачка дозвола „Б“ категорија, пожелно поседување „Ц“ категорија.
- Флексибилност во однос на прекувремена работа (платена) во периоди на зголемен обем на работа.
- Одговорност, доверливост и навременост во извршување на задачите.
Позицијата подразбира работа во административна смена од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно. Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство. Ве молиме да аплицирате на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Одговорен на магацин“.
Напомена:
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост.
Со самото аплицирање кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во апликацијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор.
Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци со обраќање на наведената електронска пошта во огласот.
Слични огласи »