Research manager

За компанијата: ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор. повеќе за компанијата »

Нашиот клиент Ипсос (https://www.ipsos.com/mk-mk) е една од водечките глобални агенции за истражување. Фокусирани се на истражувања во областа на маркетинг, рекламирање и медиуми, лојалност на потрошувачите и јавно мислење. Развиваат партнерства со клиентите и детално и длабоко се посветуваат на истражувања. Во Ипсос сакаат да работат истражувања!

За својата канцеларија во Скопје, Ипсос има потреба од нови членови на позициите:

RESEARCH MANAGER

Квантитативни истражувања – една позиција

Квалитативни истражувања – една позиција

Задачи на квантитативните / квалитативните истражувачи:

  • Комплетирање на бриф / проектна задача во соработка со клиентот
  • Поставување проект: пишување прашалник, креирање примерок / водич за дискусија итн.
  • Водечки модератор за фокус групи и длабински интервјуа во проекти
  • Користење проективни и други напредни квалитативни техники
  • Обработка на податоци
  • Пишување извештаи вклучувајќи ги клучните наоди и препораки
  • Комуникација со клиенти
  • Внатрешна комуникација со други одделенија во рамки на Ипсос кластерот
  • Управување со проекти

Посакувани вештини и квалификации:

  • Диплома од факултет кој има предмети релевантни за истражување на пазарот (статистика, психологија, маркетинг и сл.)
  • Пожелно е пет (5) години искуство на работни места поврзани со Consumer Insight
  • Работно искуство кое може да биде стекнато во агенции за истражување на пазар, јавно мислење или медиуми, или искуство во компании на позиции кои се поврзани со маркетинг планирање и анализа на пазар
  • Течно познавање на англиски јазик
  • Добри аналитички и комуникациски вештини
  • Способност за мулти-таск ситуации и способност за работа под притисок и со кратки рокови
  • Добро познавање на програми за статистичка обработка на податоци (SPSS)

Понуда

  • Голем потенцијал за учење и професионален раст
  • Користење на иновативни алатки за работа
  • Конкурентна плата
  • Работен ангажман со полно работно време, договор за вработување на неопределено време со 4 месеци пробен период

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Research Manager најдоцна до 25/11/2021. Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.

Со аплицирање за оваа работна позиција, вие сте согласни да го задржиме вашето CV и лични информации во нашата база на податоци, дозволувајќи ни да ве контактираме за некоја идна позиција која е во согласност со Вашите квалификации и интереси. Доколку не сакате Вашето CV да биде зачувано во нашата база на кандидати, наведете го тоа во Вашата електронска порака.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »