Комерцијалист - 2

Трговско друштво за трговија, производство и услуги на големо и мало, ексклузивен застапник и дистрибутер на целата палета на производи под брендот Swisslion:

ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА СВИССЛИОН ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ
Има потреба од работници на работно место

КОМЕРЦИЈАЛИСТИ 2 (двајца)
за работа на домашен пазар


ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА СВИССЛИОН ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ има потреба од 2 (двајца) комерцијалисти за работа на домашен пазар,  кои ќе работат со полно работно време од понеделник до петок, од 08 до 16 часот.

Клучни одговорности и задачи:

  • Планирање и организирање на продажни активности - продажба на прехрамбени производи од асортиманот на работодавачот;
  • Унапредување на продажбата
  • Развивање и одржување на односите со клиенти.

Потребни квалификации:

  • ВСС – Економски факултет;
  • Претходно работно искуство од минимум 2 години во областа на продажба на прехрамбени производи;
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
  • Познавање на компјутерско работење (MS Office, Internet)

Очекувани вештини и способности:

  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
  • Организациски и аналитички способности;
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати;
  • Ориентираност кон клиенти;
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Флексибилност за работа на терен.

Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите на следната е-мејл адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]  со задолжителна назнака на позицијата.

Напомена:

  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Изборот ќе се изврши во рок од 30 дена од денот на завршување на огласот.
  • Траење на огласот и рок на пријавување 8 работни дена од објава на огласот.
  • Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »