РЕЦЕПЦИОНЕР во Хотел Ибис Стајлс

  • Објавен на 3.2019
  • ОРКА ХОЛДИНГ
  • Активен до 15.03.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

О.К. Хотел Дооел Скопје – подружница Хотел ИБИС СТАЈЛС Скопје со седиште ул. Лондонска бр.19, населба Тафталиџе, 1000 Скопје, има потреба од новo вработување за позиција:

РЕЦЕПЦИОНЕР – еден (1) извршител

Потребно образование, вештини, знаења и искуство:

  • ССС, ВСС ќе се смета за предност,
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен), познавање на втор странски јазик ќе се смета за предност.
  • Со или без искуство

Опис на работни задачи:

  • Задолжен/а за прием, регистрација, испраќање на гости (во согласност со пропишаните законски нормативи)
  • Задолжен/а за информирање на гостите за хотелските содржини и др.формалности за време на нивниот престој
  • Задолжен/а за наплата од хотелски гости и целосно следење на пропишаната законската обврска за готовинско и картично работење (во согласност со пропишаните законски нормативи)
  • Комплетно имплементирање на пропишаните процедури за рецепциско работење
  • Превзема одговорност за нивото на хотелските и ресторанските услуги, преку имплементација на поставените стандарди
  • Дава огромен придонес во целосната слика за хотелот
  • Задолжен/а за спроведување на програмата за лојалност на групацијата Accorhotels (LCAH), водејќи сметка за поставените таргети

Почетна нето плата  во висина од 16.000 денари со можност за покачување, во зависност од квалификациите, искуството и резултатите од работењето на кандидатот.

Работниот однос се заснова на определено време.

Неделното работно време е 40 часа неделно, работа во три смени.

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации можат да аплицираат со испраќање кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо, на е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] ;   или на адреса: ул. Лондонска бр.19, 1000 Скопје , најдоцна до 17.03.2019. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »