Административен асистент

За компанијата: ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор. повеќе за компанијата »

Executive Search Consulting е регионална компанија од областа на консалтинг за човечки ресурси.  Наша цел е да ги обезбедиме најдобрите решенија за потребите на нашите клиенти. Со цел понатамошен развој на компанијата имаме потреба за вработување на:

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ

Работни задачи

  • Организирање и извршување на сите административни активности на компанијата
  • Пријава и одјава на вработени, електронски и во hard copy
  • Подготовка и грижа за досиејата на вработените, електронски и во hard copy
  • Подготовка и ажурирање на документација за вработените (договори за вработување, прекин на работен однос, боледувања, решение за годишен одмор, слободни денови, потврди, уверенија...)
  • Организирање на систематски прегледи и обуки за БЗР
  • Деловна кореспонденција со интернационални клиенти, архивирање, сортирање пошта
  • Други работи поврзани со административното работење

Потребни квалификации

  • Работно искуство на иста или слична работна позиција
  • Одлично владеење на англиски јазик, MS Word, MS Excel
  • Искуство во работа со ERP и CRM системи ќе се смета за голема предност
  • Познавање на ЗРО е задолжително
  • Претходна соработка со АВРМ, ФЗОМ и други релевантни институции
  • Искуство во подготовка на плати ќе се смета за голема предност
  • Комуникациски вештини, проактивност, совесност, исполнителност, доверливост
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Изразена желба за понатамошно стручно доусовршување и напредување во кариерата

Што нудиме:

  • Работно време од понеделник до петок од 8:30 – 16:30, локација Кисела Вода
  • Конкурентна нето месечна плата како и дополнително наградување во согласност со политиката на работа на компанијата (бонуси, регрес за годишен одмор, новогодишен надомест)
  • Договор за работа на неопределено време со 4 месеци пробен период
  • Работа во регионална компанија и со водечки професионалци од областа
  • Можност за професионален развој, континуирана обука и напредување во кариерата
  • Пријателска атмосфера за работа

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на  [најави се за да го видиш е-маилот]   најдоцна до 24.12.2021. Во насловот на пораката ставете назнака Административен асистент. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.

Со аплицирање за оваа работна позиција, вие сте согласни да го задржиме вашето CV и лични информации во нашата база на податоци, дозволувајќи ни да ве контактираме за некоја идна позиција која е во согласност со Вашите квалификации и интереси.

Доколку не сакате Вашето CV да биде зачувано во нашата база на кандидати, наведете го тоа во Вашата електронска порака.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »